Поглед:
13
пишyвa д-p. Aмaтepкaтa, вoнpeдeн пpoфecop нa eдeн фaкултет
Со ГРАНДИОЗНИОТ НАРЦИЗАМ на Димче до “ТОНЕЊЕ“ на Левица
И покрај вчерашниот резултат преку кој гласачите им одговорија на Левица за нивниот досегашен наратив, сепак продолжуваат понатаму на истиот начин. Никако да си ја подзатскријат таа нарцисоидност која во текот на кампањата им прерасна дури во грандиозен нарцизам. Едниот на другиот си кажуваат колку си се паметни, и како „им тече мозок“, а говорниците им служат за навреди на сите останати, особено на оние од опозицијата. Така си ја „тераа“ кампањата од првиот круг, а со оглед на првичните изјави после резултатите од истиот, очигледно е дека не си ја сфатиле поракта од гласачите.
Ваквата нарцисоидност, самобендисаност ја “толчи“Левица! Димче си најде кандидат налик на себе. Со претерано високо мислење за себе, екстремно самоуважување и „алчност“ за моќ, успех и восхит. Тој и онака си беше нарцисоиден, ама со помош на кандидатката нарцизмот му прогресираше во ГРАНДИОЗЕН НАРЦИЗАМ. Барајќи внимание и моќ стануваат себични за оние околу нив, односно нивните приврзаници. Ова нивно однесување создаде токсичен циклус помеѓу самите себе кој лесно беше забележлив во јавноста. Со нивната добро позната реторика на демек „интелектуални“ навреди кон останатите опозиционерски кандидати, користејќи најчесто цитати од познати ликови, создадоа перцепција во јавноста на ликови со лоши особини. Препознавајќи ги тие особини, гласачите им испратија јасна порака плашејќи се дека доколку им доверат моќ ќе прогресираат во НАРЦИСОИДНО РАСТРОЕНИ ЛИКОВИ. За среќа, психологијата во посебна група ги оддвојува ранливите нарцисти, па така со помош на гласачите и пораката која им ј испратија малку ќе стивнат. По дефиниција ќе останат со силното чувство на грандиозност но ќе бидат тивки, резервирани и лесно ќе се чувствуваат загрозени.
Како ќе се однесуваат понатаму, останува да видиме во кампањата за вториот круг претседателски избори и избор на пратеници. Останува да видиме дали Апасиев ќе продолжи со своето „надуено самоласкање“ , ароганција и неговиот презир проектиран однадвор со критика кон другите, плашејќи се да се погледне себеси бидејќи она што го поседува е поразително!
Останува да посведочиме дали кон своите приврзаници ќе продолжи да се однесува неразумно, очекувајќи посебен третман и усогласеност со НЕГОВИТЕ лични желби, а не за добробит на сите околу него. Дали сеуште ќе бара прекумерно восхитување и немањето на емпатија за чувствата и потребите на другите?
Доколку не ја промени реториката, јасно е дека личните цели му се приоритетни, а тие околу него треба да бидат особено внимателни бидејќи суровоста и одмазништвото се одлика на нарцистот.
Димче, можеби повеќето од гласачите не се „начитани“ како тебе и не ги разбираат цитатите кои уживаш да ги користиш ама ти ги ГЛЕДААТ МАНИРИТЕ, ти ги НАСЕТУВААТ НАМЕРИТЕ и затоа ти испратија порака, која би се читала: „И ОВА ТИ Е ПРЕМНОГУ“!
Гласачите докажаа дека доверба даваат на ликови кои имаат ЗДРАВО ЧУВСТВО за себе, а не постојана потреба за надворешно одобрување. Гласачите докажаа дека веруваат на оној кој на поединците им овозможува да бидат задоволни со тоа што се, да ја ценат сопствената вредност и да ја прошират љубезноста и дарежливоста кон другите. Гласачите сакаат да ги води лик со цврста самооснова која ќе им овозможи поврзување со светот на позитивен начин, а не нарцисоиден водач полн со омраза и презир.