Поглед:
26
пишyвa д-p. Aмaтepкaтa, вoнpeдeн пpoфecop нa eдeн фaкултет
ДИРЕКТОРИТЕ ОД ЛЕВИЦА ВО НЕРАСКИНЛИВА „ВРСКА“ СО ФИНАНСИЕРИТЕ НА ДУИ?!
Неодамна беа јавно откриени договорите за јавни набавки помеѓу некои од директорите поставени од Левица во јавните претпријатија од Град Скопје и фирмите кои важат за главни финансиери на политичката партија ДУИ. За јавноста добро познатите ПУЦКО ПЕТРОЛ и АРЕБЕРИА ДЕСИГН често може да се најдат како „најповелен понудувач“ или “единствен понудувач“ кај некои од директорите поставени од Апасиев. Дали овие „зеднички пријатели“ се врската помеѓу Левица и ДУИ ?! „Најверниот левичарки директор“ со ДУИ – финасиерите е Антонио Димитров, директорот на ЈП Културно Информативен Центар – Скопје кој во 2021 заедно со Димче „се бореа“ за ЛЕВИЦА во СОВЕТИТЕ! Очигледна е целта на „борбата“ за „ЛЕВИЦА во ТЕНДЕРИТЕ“!
„АПАСИЕВ СИ ЛАЕ И ДРАМИ, А ТЕНДЕРИТЕ СИ ВРВАТ“
„Драмењето“ на Апасиев во Собрание не е случајно! Ваквиот театар бил потребен за замајување на јавноста додека „тендерите си врват“. Додека тој „лае“ за наводни кривични пријави кон Талат Џафери со цел да остави впечаток во јавноста за голем борец за правдини, неговиот директор потпишува договори за набавки со милионски суми со ПУЦКО ПАТРОЛ и АРЕБЕРИА ДЕСИГН – каква случајност!?
Додека Апасиев ја замајува јавновста за некаква си „борба на работничка класа“ и глуми револуционер, неговите директори си „ја бркаат работата“. Дали можеби ова е причината поради која истиот тој Апасиев е најгласен против оние кои сакаат да ја тргнат ДУИ од власт?! Дали затоа Апасиев целата енергија ја вложува да плука по ОПОЗИЦИЈАТА наместо по ВЛАСТА!?
Оваа ли е причината поради која Апасиев не ја прифати подадената рака за ОБЕДИНУВАЊЕ на опозицијата со цел да се намали моќта на ДУИ за уцени во нова влада?!
„Отровни стрели“ упати кон лидерот на опозицијата на понудата за обединување. Не само што истата веднаш не ја прифати туку и повика на РАЗЕДИНУВАЊЕ! На кого му одговара разединување на опозицијата? Од резултатите од првиот круг веќе работите стануваат појасни! На граѓаните не само што им е јасно дека се излажани од власта, туку јасно им е дека и Апасиев „ГЛУМИ ЛУДИЛО“!
Очигледно театарот не е доволен да ги убеди граѓаните. Пораката која ја испратија во првиот круг треба да му биде јасна! НЕМА ПОДДРШКА ЗА ОНИЕ КОИ ПРАВАТ „ДИЛОВИ“ СО ДУИ!
Димче ПРОВИДЕН СИ! Ти си ЕДИНСТВЕНИОТ опозиционер кој не се приклучи во БОРБАТА за ПАД НА ДУИ! А сега граѓаните веќе знаат и зошто е тоа така.