0.8 C
Skopje
недела, декември 22, 2024

ДОБРО УТРО од Аматерката со народната : „Викај по волкот дури не влегол во булукот“ !

ТОП ВЕСТИ


Поглед: 127


ДОБРО УТРО од Аматерката со народната: „Викај по волкот дури не влегол во булукот“ !

пишyвa д-p. Aмaтepкaтa, вoнpeдeн пpoфecop нa eдeн фaкултет

„Викај по волкот дури не влегол во булукот“ !

Изминативе неколку денови се изнаслушавме разно – разни закани од политички лидери заради утврдениот дневен ред на седницата на Уставниот суд за поведување на постапката за оцена на уставноста на Законот за употреба на јазиците закажана за 11 -ти декември. За партиите од албанскиот  блок оваа седница е  „вознемирувачка“ и порачаа дека тоа се „игри со албанскиот јазик  како намерно сценарио на власта за провокација“.

Во таа смисла истите јавно упатуваат закани со цел да создадат несигурност кај граѓаните но и притисок врз уставните судии. Ваквиот однос е неприфатлив. Уставниот суд е орган што ја штити уставноста и занонитоста во државата.  Што не е јасно кај заканувачите?! Законите мораат да бидат во согласност со Уставот, а сите други прописи со Уставот и со закон. Секој е должен да ги почитува Уставот и законите. Дали ова е обид на поединци особено на лидерот на ДУИ да покажат  дека се над Уставот и законите во државава?

“Внатрешниот прогонител“ не има дава мир. Тој ги храни со чувство на вина, неуспех, помала вредност и страв од последиците ако нештото не го сторат набрзина и по секоја цена. Така и дојде до ваквото несреќно законско решение, токму од овој пристап на тогашната власт ДУИ поддржани од СДС.

Инаку, да се потсетиме законот  беше изгласан во трето читање поради непотпишување од претседателот Иванов, а претседателот на Собранието Талат Џафери го прекрши деловникот бидејќи не побара од предлагачот да го усогласи воведувањето на предложениот закон со регулативата на Собранието.

Исто така, Џафери ја прекрши регулативата со тоа што го избегна разгледувањето на законот на матичните комисии, онаа за финансирање и буџет, за политички систем, Комисијата за односи меѓу заедниците и Законодавно-правната комисија.

Прекршување е и тоа што; Законот не е усвоен со 2/3 мнозинство и објавувањето на указот на законот без потпис на претседателот Иванов – што е неуставно.

Покрај неговото насилно донесување, истиот за кратко време ја докажа својата неприменливост и правна конфузност, за денес 5 години подоцна повторно, непризнавајќи ја вината за стореното истите на истиот начин, насилно па дури и помалку безобразно создаваат тензии ставајќи се себеси и сопствените интереси над Уставот и законите во државава.

Добивај вести на Telegram

Добивај вести на Telegram

ПРОЧИТАЈ

ПОСЛЕДНО