Поглед:
117
Во текот на вчерашниот ден, претседателскиот кандидат на Левица, Билјана Ванковска напиша три објави против Гордана Силјановска Давкова, но нема ниту објава против Стево Пендаровски. Оттука, легитимно се отвора прашањето: Дали Левица одработува за СДСМ?
Политичката партија Левица и нивниот претседателски кандидат Билјана Ванковска се однесуваат како најголем непријател да им е ВМРО-ДПМНЕ. И покрај тоа што Билјана Ванковска излезе од претседателската трка и според сите беше логично да ја поддржи кандидатката која ја поддржа во 2019-та, таа повторно реши да ја напаѓа. Во напад кон Силјановска Давкова, Ванковска повторно упатува низа навреди на контото на ВМРО-ДПМНЕ и Гордана Силјановска Давкова.
За многумина зачудувачки, но поранешната поддржувачка на Гордана Силјановска Давкова, Билјана Ванковска сега стана најголем критичар. Таа откако излезе од претседателската трка веројатно својот неуспех „го лечи“ со низа навреди кон својата противкандидатка. Само во претходните 48 часа таа три пати ја нападна Силјановска Давкова велејќи „тешко нас со кандидатка која не ја знае содржината на преговарачката рамка, нема ни храброст, ниту решителност, таа и Пушкин ќе го укине“. Серија напади кои легитимно го отвораат прашањето „Дали целта на Левица е да го делегитимира само ВМРО-ДПМНЕ и да одработи за СДСМ“?
Лидерот на Левица, Димитар Апасиев само еден ден пред изборите најавуваше „женски дуел“, но на крајот Билјана Ванковска заврши шеста од седум кандидати. Според официјалните резултати Билјана Ванковска Цветковска освои 41.331 гласови односно САМО 4,56% од вкупниот број на гласачи. Левица се декларираше како „трета“ опција, а во пракса се шести од седум пријавени кандидати. За разлика од неа, навредуваната Гордана Сиљановска Давкова има 363.085 гласови односно дури 40,09%.
Во продолжение пренесуваме Фејсбук статус на Димитар Апасиев кој наиде на потсмев кај многумина, особено на Твитер.
Целото предизборие сведоци сме дека Левица се однесува како најголем непријател да им е ВМРО-ДПМНЕ. Имено, кандидатката на Левица, Билјана Ванковска обвинуваше исто така дека 25.000 потписи од граѓаните за Силајновска Давкова завршиле на буниште. Таа вели дека Гордана Силјановска Давкова е кандидирана само со потписи на пратениците, а смета дека ВМРО-ДПМНЕ се однесува неодговорно.
Нејасно е зошто Билјана Ванковска револтот го истура само врз Силјановска Давкова кога логично е опозицијата да се бори против претседателот на власта, Стево Пендаровски. Освен тоа, нејасно е и зошто Билјана Ванковска измислува бројка од 25.000 гласови кога Гордана Силјановска Давкова собра над 28.000 потписи. Од каде Левица има толкав порив да зборува против опозицијата отколклу власта предводена од СДСМ и ДУИ?
Доколку се потсетите како се однесуваше професорката Билјана Ванковска во 2019 година јасно може да заклучите дека дава безрезервна поддршка за Гордана Силјановска Давкова.
Во своите објави на Фејсбук таа Силјановска Давкова ја опишува како „премногу добра за оваа колонија“, а не штедејќи ги комплиментите вели дека е „10.000 километри над нивото на нашата политика“ и дека „предобра е, не ја заслужуваме“.
Во продолжение може да го погледнете целиот Фејсбук статус којшто е објавен откако е соопштен резултатот дека победник на претседателските избори е Стево Пендаровски.
Многу е нелогично што само пет години подоцна Ванковска упатува жестоки критики кон Силјановска Давкова ако се земе предвид дека во 2019-та нејзините комплименти немаа крај. Сега настапува премногу остро кон „предобрата и пристојната“ кандидатка од ВМРО-ДПМНЕ.
Останува да видиме дали можеби во вториот круг Левица, а и самата Ванковска ќе ја поддржат Гордана Силјановска Давкова за кандидат за претседател и дали можеби ќе си ја „поправи грешката“ и многуте избрзани коментари. Судејќи по претходниот ден веројатно дека нема, а можеби би го поддржале и Пендаровски.
(превземена анализа Радио Лидер)