Поглед:
11
Коалицијата СДСМ, ДУИ и Левица е очигледна во советите на општините, како и во Советот на Град Скопје. Најголемите финансиери на ДУИ ги добиваат најголемите тендери во Јавните претпријатија каде што директори се токму членови на Левица, а гласањето во советите е по шема на ДУИ и СДС.
Како одминуваат деновите од изборната кампања така полека се засилува реториката помеѓу кандидатите и лидерите на политичките партии. На гласачите им овозможуваат да ги насетат нивните вистински намери за после изборни коалиции. Нападите кон кандидатката Гордана Силјановска Давкова и Коалицијата Твоја Македонија секој ден се почести и позасилени. Тоа заради информациите кои ги добиваат за падот на нивните рејтинзи наспроти високиот рејтинг на кандидатката од Коалицијата Твоја Македонија. Веќе се исцртуваат контурите на новата коалиција ЛЕВИЦА – ДУИ – СДСМ. Причините поради кои Димитар Апасиев се одлучил на ваква кампања е секако ЛИЧНА, како и секогаш. Имено, знаејќи дека Коалицијата Твоја Македонија предводена од ВМРО – ДПМНЕ е се поблиску до формирање на парламентарно мнозинство, а неговиот рејтинг опаѓа, јасно му е дека шансите за УЦЕНИ и ПАЗАР му се намалуваат и станува небитен фактор на политичката сцена. Од тие причини донесува одлука за приклучување кон СДСМ и ДУИ во нападите на Гордана Силјановска Давкова, мудро искористувајќи ја и кандидатката од Левица, чија реторика секојдневно е се позасилена и негативно насочена кон Давкова.
Апасиев во страв дека таквата влада нема да подлежи на притисок и уцени на ниту еден албански субјект или друга политичка партија од македонскиот блок, почнува отворена кампања против ВМРО-ДПМНЕ што значи повик за глас за СДСМ и ДУИ. Од неговите настапи и настапите на кандидатката од Левица може да се констатира дека тие не само што не ги напаѓаат Димитар Ковачевски и СДСМ, туку ја користат истата реторика со нив против Гордана Силјановска Давкова. Само за потсетување, истата на изминатите избори беше поддржана од нив.
Дека Апасиев е во секојдневна комуникација со СДСМ, покажува уште кога Зоран Заев беше премиер и кога на седница за поставување на пратенички прашања му рече на Апасиев да каже дека за време на парламентарните избори бил договорен со СДСМ да му ги обезбедат сите логистички и материјални неопходни ресурси само да им се земаат гласови на ВМРО-ДПМНЕ, како и дека бил договорен со него дека по изборите нивната соработка ќе продолжи со поддршка на политиките на СДСМ доколку Апасиев освои пратеник во собранието. Дали е вистина или шпекулација дека јас и вие сме се договориле да ви ги обезбедиме сите неопходни ресурси за време на последните избори, логистички и материјални само да одземате гласови од ВМРО-ДПМНЕ за да ја спасиме државата од Мицкоски. И притоа да дадете директен одговор дали е вистина или шпекулација дека договоривме да продолжите понатаму да не поддржувате доколку освоите пратеник, го праша Заев на седница во 2020 година Апасиев.
Апасиев се обидува да им се додворува и на ДУИ и да стане миленик на Али Ахмети е и фактот што тој и членови на Левица се поклонија пред споменикот на албанскиот државник Енвер Хоџа, кој бил последниот комунистички диктатор во Европа, бидејќи токму јавноста имаше можност да го гледа снимки од лидерот на ДУИ Ахмети како со страст слуша и потпевнува песни посветени на Енвер Хоџа.
Исто така за потсетување на јавноста, токму Апасиев беше и советник на Специјалното јавно обвинителство кое всушност беше владина институција за гонење и терор на опозицијата, а не независно јавно обвинителство.
Покрај толку многу „случајности“ , Апасиев неможе да биде убедлив во она што го говори, не толку доволно за да го покачи својот рејтинг и рејтингот на Левица. Очигледно од тука извираат нервозата и паниката!
(анализа превземена од https://kurir.mk/makedonija/vesti/analiza-se-tsrtaat-konturite-na-novata-izborna-koalitsija-sdsm-dui-i-levitsa-apasiev-se-zalepi-za-kovachevski-i-sdsm/)