17.8 C
Skopje
вторник, април 30, 2024

Александар Николоски гостин во „Политиканти“

ТОП ВЕСТИ




Поглед:
9


Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски е гостин во поткастот „Политиканти“. Николоски од 2004 до 2008 година беше претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, 12 години член на Извршниот комитет на партијата. Сашо Орданоски и Борјан Јовановски во ова интервју направено меѓу два изборни круга со Николоски имаа можност да поразговараат и за минатото, но и за иднината.


Зошто младите денес не сакаат да се вклучат активно во политиката? Ако владее општа перцепција дека политиката е валкана, а политичарите се корумпирани, како ВМРО-ДПМНЕ ќе се справи со тоа по победата на изборите на која претендира? Има ли ВМРО-ДПМНЕ кадровски потенцијал да ги испорача овие големи ветувања од предизборната кампања?


На што се должи сега веќе отворениот судир со ДУИ? Што вели Николовски за претходното коруптивно владеење на ВМРО-ДПМНЕ? Дали некогашниот шеф на тајната служба ќе гради во Охрид како што градеше на времето во центарот на Скопје? На кој период се алудира со слоганот „Македонија повторно горда“? Дали новото раководство планира реконструкција на груевизмот? Зошто Николовски смета дека ова раководство на ВМРО-ДПМНЕ е најпотценето и како се случи на конгресот да биде избран Мицкоски за наследник на Груевски?


Каков е ставот на Николоски кон слободата на медиумите? Зошто ги критикува социјалните мрежи? Зошто пласира проверено невистинита информација за својот противкандидат во ИЕ4 за да се пресмета со Пендаровски?

За овие прашања и многу повеќе што не било кажано во јавноста досега гледајте во новото издание на поткастот „Политиканти.мк“ со Saso Ordanoski и Borjan Jovanovski

Добивај вести на Telegram

Добивај вести на Telegram

ПРОЧИТАЈ

ПОСЛЕДНО