Поглед:
22
Сакаме да го елиминираме моментумот за давање гласови заради пазарење со функции, туку политичката поддршка да биде по принципот да се поддржи некој кандидат затоа што има квалитет да извршува некаква политичка функција во полза на државата, изјави синоќа портпаролот на ЗНАМ, Никола Мемов во дебатната емисија на „Клан Македонија“.
Од партијата на Максим Димитриевски велат дека се задоволни сме од изборните резултатите.
„Очекуваме приливот на гласови значително да порасне во вториот изборен круг, да имаме најмалку 10 пратеници. Малку не изненади позитивниот број на гласови кај Силјановска Давкова. Гласовите за Давкова се повеќе партиски гласови отколку гласови за личност“, порача Мемов.
Тој додаде дека како партија цело време кажувале дека анкетите го креираат јавното мислење, но „ние сме нова партија и имаме одличен резултат“.
„Очекуваме зголемување на нашите гласови за 30%, а драстичен пад кај СДСМ“, рече Мемов во гостувањето на емисијата.