8.8 C
Skopje
среда, април 24, 2024

Вучиќ: Со изборната кампања на Курти во Македонија, тој ја поткопува регионалната стабилност

ТОП ВЕСТИ




Поглед:
15


Тој порача дека Србија не се меша во внатрешните работи на Македонија.


Српскиот претседател Александар Вучиќ на седницата на СБ на ОН за шестомесечниот извештај на УНМИК за работата на Косово, кажа дека „Албин Курти не е во Њујорк, туку е зафатен со поткопување на регионалната стабилност бидејќи тој лично ја води кампањата за изборите на неговата партија во соседна Северна Македонија“, јави дописникот на МИА од Белград.



-Замислете, најпопуларен политичар во Македонија не е Албин Курти, туку претседателот на Србија Александар Вучиќ, кој притоа нема никаква кампања во Македонија. Се извинувам како претседател на Србија што нашиот државјанин вака се однесува на меѓународна сцена, рече Вучиќ.


Тој порача дека Србија не се меша во внатрешните работи на Македонија.


-Сакам да им пренесам на луѓето во Северна Македонија дека мешањето во нивните внатрешни работи не е политика на Србија, туку на нашиот неодговорен државјанин Албин Курти, рече Вучиќ. (МИА)


Добивај вести на Telegram

Добивај вести на Telegram

ПРОЧИТАЈ

ПОСЛЕДНО