11.8 C
Skopje
недела, април 14, 2024

Хорор во Сиднеј – одеднаш почнал да ги боде луѓето со нож, убил петмина

ТОП ВЕСТИ

Петмина луѓе се убиени во денешниот напад со нож во трговскиот центар „Вестфилд Бондај“ во Сиднеј, додека напаѓачот беше убиен од полицијата, објавија властите.



„Според првичната истрага, напаѓачот делувал сам и нема веќе закана“, изјави заменикот на комесарот на полицијата на Сиднеј, Ентони Кук, потврдувајќи дека напаѓачот бил застрелан од полицајка која се нашла во близина на инцидентот.


Полицијата засега не го знае мотивот на нападот.


„Напаѓачот бил во трговскиот центар, заминал, па се вратил и почнал да ги боде луѓето. Засега нема никакви назнаки кои би укажувале на некаква идеологија или некаков мотив. Но, не ја исклучуваме можноста дека станува збор за тероризам“, додаде Кук.

Тој кажа дека неколкумина повредени се превезени во болница.


„Вестфилд Бондај“ е еден од најголемите и најпопуларни трговски центри во Австралија и во моментот на нападот бил полн со луѓе.


Добивај вести на Telegram

Добивај вести на Telegram

ПРОЧИТАЈ

ПОСЛЕДНО