13.8 C
Skopje
недела, април 14, 2024

Гласот за Стево Пендаровски е глас за Артан, Али, Талат и Ковачевски – Мицкоски на митинг во Тетово

ТОП ВЕСТИ

Секој еден граѓанин треба да знае дека, гласот за Стево е глас за Артан, Али, Талат и Ковачевски. Гласот за Стево Пендаровски е глас за тврдењето дека Гоце Делчев бил Бугарин. Гласот за Стево Пендаровски е глас за прифаќање на бугарскиот диктат и прифаќање на сите штетни политики за државата, вели Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ на денешниот митинг во општина Тетово во рамки на претседателската кампања.


Претседателот Мицкоски порача дека е време за промени и Македонија конечно да добие вистински претседател, потенцирајќи дека тоа е Гордана Силјановска Давкова, човек со интегритет и знаење.



Затоа е време за промени. Време е Македонија да добие вистински Претседател. Затоа ве повикувам да гласате за Гордана Силјановска Давкова. Човек со интегритет и знаење, врвен познавач на уставното право и политичкиот систем. Жена со свој став за работите и жена која работи според принципи. Непоколеблив борец за правда и одговорност, за заштита на човековите права и слободи, рече Мицкоски и додаде:


Таа го напушта комодитетот и мирниот живот за да помогне на државата и да работи за заедничката цел Македонија да е подобро место за живеење. Гласот за бројот 2 е глас за професорката Гордана Силјановска Давкова која знаете дека ќе биде на страната на обесправените, која ќе ја брани и преставува Македонија пред светот преку нејзината најсилна страна а тоа е правото и правдата. Излезете и гласајте Македонија да добие вистински претседател.

Добивај вести на Telegram

Добивај вести на Telegram

ПРОЧИТАЈ

ПОСЛЕДНО